24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПанчев: Хајдук ми понуди најдобри услови, но јас решив да играм за...

Панчев: Хајдук ми понуди најдобри услови, но јас решив да играм за Црвена Звезда

Најдобриот македонски фудбалер во 20.век Дарко Панчев во интервју за блеградскиот весник „Вечерње новости“, открива дека кога заминувал од Вардар бил баран од сите клубови од тогаш „Големата четворка“ на југословенскиот фудбал, бидејќи бил голем навивач на Црвена звезда завршил на „Маракана“.

„Не е тајна дека ме бараа сите од „Големата четворка“. Хајдук ми ги понуди најдобрите услови. Морам да признам дека челнците на Партизан навистина се потрудија да ме донесат во „Хумска“. Сепак пресуди тоа што сите во мојата фамилија бевме навивачи на Вардар и Црвена Звезда. Значи реши моето срце“, рекол Панчев.

Најдобриот европски стрелец во 1991 година, освојувач на Купот на шампионите и Интерконтинеталниот куп од Црвена звезда потоа замина во Интер. За овој клуб вели дека тое е тажна приказна во неговата кариера.

„Во мојата втора сезона во Интер ми забранија да играм, иако бев одличен во подготвителниот период, тоа во денешно време се вика мобинг. И тренерот ја призна грешката, клубот ми забрани да играм, ме уценуваа да ми го намалат договорот. Им реков дека нема да играм, дека ќе ја завршам кариерата, но дека тие ќе ме исплатат според договорот. Тогаш и се појави комбинацијата со Милан. Галијани и Браида разговараа со Савичевиќ и сакаа да ме донесат. Спотвеникот на Интер не сакаше да ме продаде во Милан, стравуваше дека ќе почнам да играм како што тоа го правев во Црвена звезда. Бев и на скенерот на Реал, тогашниот претседател Рамон Мендоза два пати пуштатше луѓе во Белград за да ме ангажира. Вистина е и дека имав повик од Барселона, односно се водеа разговори со преставникот на Јохан Кројф. Ме бараше и Алекс Фергусн кој имаже голема желба да ме донесе. Тоа не е тајна“, дополнил Панчев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП