Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Јогурт диета: За само неколку дена отстранете го вишокот килограми

Време: 15:32

Датум: јануари 3, 2018

Категорија: ДИЕТИ

Не е ова диета во вистинска смисла на зборот, повеќе станува збор за феномен кој постои во различни верзии. Ви претставуваме една од нив, можете да ја држите после празниците сигурни сме дека ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми кои сте ги наталожиле.

Основни принципи

Делувањето на јогурт диетата се базира на својствата на пробиотичкиот јогурт да го стимулира растот на здравата цревна флора, а како резултат се добива брзо варење на храната, елиминација на токсините, па така и слабеење.

Кога храната темелно ќе се свари, воедно се унапредува здравјето на цревата и општото здравје на организмот.

Се препорачува дури до 2 литри јогурт секој ден (нискомаслен), а со јогуртот можете да јадете и свежо овошје, а треба да ги избегнувате слатките зашеќерени јогурти.

Една од верзиите на Јогурт диетата изгледа вака:

ПРВ ДЕН

Појадок

Наутро изедете овошен јогурт (сами подгответе го од нискомаслен јогурт и свежо овошје) или јадете јогурт со овесни снегулки.

Ручек

На маслиново масло издинстајте зеленчук и на крајот помешајте го со варен ориз. Освен сол и бибер во зеленчукот немојте да додавате никакви зачини. За десерт повторно јадете овошен јогурт кој сами ќе го подготвите.

Вечера

Пред спиење ќе ве засити салатата со шунка и моркови. Исецкајте еден морков, јаболко и 50 гр шунка, па сето тоа издинстајте го на маслиново масло. Се заедно помешајте со немасен јогурт.

ВТОР ДЕН

Појадок

Направете салата од краставици, потребен ви е јогурт и краставица која ќе ја исецкате на коцки и на крај се заедно ќе помешате.

Ручек

Посолете и забиберете малку мисиркино месо исецкано на коцки и испечете го на маслиново масло. Додадете сецкани шампињони, еден домат и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне додадете го јогуртот.

Вечера

Две чаши јогурт помешајте со неколку бобинки мешано шумско овошје (може замрзнато).

ТРЕТ ДЕН

Појадок

Со јогуртот помешајте сирење, исецкано јаболко, малку цимет и на крај посолете и забиберете.

Ручек

Испечете 150 гр филе од ослич, а како прилог направете салата од јогурт, со краставица и малку сенф.

Вечера

Сварете 100 гр тестенини, додадете една исецкана пиперка и варено јајце. Се заедно помешајте со јогурт.

Влијание на здравјето

Пробиотичкиот јогурт е сигурно корисен за здравјето, а иако засега не постои цврст научен доказ кој ја поврзува јогурт диетата со слабеењето, краткотрајната примена на оваа диета сигурно нема да им нашети на здравите лица, но не се препорачува долгорочно практикување.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Едноставни замени со кои ќе зaгубите од тежината

    Едноставни замени со кои ќе зaгубите од тежината

    Многумина од нас, дали во текот на годината или во периодот пред годишните одмори, се обидуваат да намалат од тежината, притоа правејќи секакви работи. Денес…

  • Фит линија со помош на комбинација од 5 состојки

    Фит линија со помош на комбинација од 5 состојки

    Сакате да ослабите и да ги отстраните масните наслаги од стомакот? Го имаме вистинскиот напиток за вас… Состојки: – 1 смрзната банана – 1 лажица…

  • УН диета

    УН диета

    Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат. Диетета трае 90…

  • Рецепт од цвекло и моркови за топење на килограмите

    Рецепт од цвекло и моркови за топење на килограмите

    Цвеклото и морковите во комбинација со ѓумбир, целер и јаболко ќе ви помогнат брзо да го стопите салото од стомакот… Имено, дури иако не се…

  • Кетогената диета е најздрава

    Кетогената диета е најздрава

    Американски лекари во соработка со водечките нутриционистите дојдоа до заклучок дека кетогената диета е идеален метод за брзо симнување на вишокот килограми и одржување на…

  • Дали губите телесната тежина со исхраната според крвната група?

    Дали губите телесната тежина со исхраната според крвната група?

    Кој е вашиот тип? Џенифер Лоренс? Серена Вилијамс? Алисија Викандер? Не, не тој вид на тип. Зборуваме за вашата крвна група. Според диета базирана на…

  • Забрзајте го слабеењето со овој напиток со само 3 состојки!

    Забрзајте го слабеењето со овој напиток со само 3 состојки!

    Доколку го комбинирате овој напиток со правилна исхрана, ефектите ќе бидат уште подобри… Ако сакате да ослабите некој килограм кој ви е вишок, овој детокс…

  • Намалете го холестеролот со оваа диета!

    Намалете го холестеролот со оваа диета!

    TLC режимот на исхрана ги елиминира килограмите и лошите масти во крвта. Овој план на исхрана подразбира што повеќе консумирање на овошје, зеленчук, интегрални житарки…

  • Вкусен шејк со овесни снегулки и банана

    Вкусен шејк со овесни снегулки и банана

    За само неколку минути направете здрав и освежувачки напиток кој ќе ви ја поврати енергијата… Состојки: – 50 гр овесни снегулки – фруктоза – кокосово…

  • Пресметајте колку време ќе ви биде потребно за да ослабите!

    Пресметајте колку време ќе ви биде потребно за да ослабите!

    Овој период е вистинското време за мали и големи промени. Една од нив е и слабеењето… Слабеењето е процес во кој е потребно да вложите многу…