Иако за губиток на вишокот килограми пред се е потребно да јадете здраво и да сте физички активни, постои уште еден начин за слабеење кој може баш секој да го практикува.
Станува збор за „домашна“ диета која освен слабеење со себе носи и низа други погодности. Оваа диета се состои од домашно чистење кое всушност ќе ви помогне да ослабите, но и вашиот дом истовремено ќе биде чист.
За овој режим нема изговори – „немам време“ или „прескапо е“. Ова е таблицата со домашни работи и количината на калории кои се согоруваат. Хранете се здраво и во ограничен количини, пијте многу течности и исполнувајте ги овие обврски кои ќе ви помогнат да ослабите.
– 30 мин: шетање на домашниот миленик со побрзо темпо – 200 калории
– 30 мин: усисување и бришење на подот – 200 калории
– 30 мин: чистење на скалила, двор или остава – 600 калории
– 30 минути: готвење и чистење на кујната по подготовка на оброк – 200 калории
– 30 мин: бришење прозори и бришење прашина – 185 калории