18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОО’Саливен: Не можам да кажам дека сум најдобриот

О’Саливен: Не можам да кажам дека сум најдобриот

Британецот Рони О’Саливен изјавил дека на 10 или 12 турнири во снукер бил на „неверојатно ниво“ и дека тоа повеќе ќе му биде врежано во меморијата од кој било рекорд што го соборил. О’Саливен неодамна ја освои титулата на првенството на Обединетото Кралство, откако во финалето со 10:5 го победи Шон Марфи.

42-годишниот О’Саливен ја освои 31.титула во кариерата, а со шест титули на првенството на Обединетото Кралство го израмни рекордот на Стив Дејвис.

„Сè што имам освоено е тестамент кој говори колку долго сум во овој спорт. Сепак, не би можел да кажам дека сум најдобриот во историјата. Тоа не е мојот стил. Задоволен сум што од година во година можам да играм на врвно ниво. Можам да кажам дека имаше 10 или 12 турнири на кои играв нестварно добро и на што сум особено горд. Тоа е нешто што ми е поважно од рекордите“, рекол О’Саливен.

Петкратниот светски шампион има пет титули помалку од рекордерот Стефан Хендри (36).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП