6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСамостојна изложба на Бурхан Ахмети

Самостојна изложба на Бурхан Ахмети

Во петок, со почеток во 19:30 часот во Чифте Амам ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Бурхан Ахмети, што ќе трае до 17-ти декември.

Делата на Ахмети, како графиката така и комбинираната техника на платно, некои меѓународно афирмирани а други нови тукушто појавени на сцената, се однесуваат на реорганизирање на доживувањата на реалноста, на различниот пристап при примената на сликите, а со тоа и на редизајнирање на светот на видливото, смисленото и можноста. Се говори и за убавината на индивидуалното уметничко дело, но уште повеќе за традицијата, луѓето, нивните социјални врски, нивните очекувања и копнежи. Како претставник на новата генерација на графичката уметност, секогаш активен во изложбите како од локален така и од меѓународен карактер, делата на Бурхан Ахмети се карактеризираат со изворна афирмација на сложените графички техники (сува игла, акватинта, линорез, литографија, дрворез, бакрорез, монотипии, па сè до дигиталната графичка дисциплина), како и со нагласена интелектуалност во пристапот кон визуелната уметност.

Во графиките комбинира ефекти на фотографија, остра и мека култура, црно-бели односи и јаки бои, како и одредени белези на „концептуализирање“. Работи и дрворез во боја, постигнуваjќи живост на целината и со комбинација на строги брановидни линии кои формираат полуфигуративни претстави.

Како автор ни открива специфично изразени можности на акватинтата во создавањето разновидни интимистики, надреални и симболични претстави.

Бурхан Ахмети во своите дела акрил на платно се свртува кон крајно чистиот, редуциран ликовен знак заснован врз примарни ликовни елементи. Се јавува наклонетост кон анализа, создавање своевидна поетика на збиеност и минимализам. На прв поглед, станува јасно дека се работи за остварувања кои се резултат на еден уметнички сензибилитет формиран во (урбана) средина и кои имаат сопствена историја и традиција.

Со логично синтетизирање на избраниот мотив во една нова конотација на трансформирање, Ахмети многу вешто и прецизно, со богато орнаментирање, ги транспонира елементите во асоцијативни, знаковни и симболични форми, продирајќи во пластичната основа на формата и материјата во композицијата. Исто така, овие концепциски пречистени дела ја откриваат и својата друга страна – дизајнирани форми со декоративни хроматски ефекти и посебен осет за просторно распоредување.

Меѓу симболиката и асоцијацијата, дамнешното и сегашното, патината на старото и предизвикот на новото, ликовните елементи од знаци, симболи, зданија го определуваат и трансформираат просторот како нови облици во употребата на старите со нови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП