27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНесекојдневен виолински соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски

Несекојдневен виолински соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски

Несекојдневен виолински соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски ќе се одржи на 11 декември во камерната сала на Македонската филхармонија со почеток во 20 часот.

На програмата ќе бидат изведени капитални дела од опусот за соло виолина, дела од Ј.С. Бах, Н. Паганини и Е.Изаи.

Илкоски оваа година активно настапуваше и одржа уште два рецитала меѓу кои во месец мај се претстави пред велешката публика во театар “Џинот” заедно со пијанистот Дино Имери и секако пред скопската публика каде беше одржан уште еден солистички концерт во рамките на овогодинешниот фестивал “Златна лира 2017” во организација на СМУМ.

Меѓу другото Илкоски е редовен член на симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија.

“Мојот предизвик и мојата возбуда за овој концерт се огромни и со нетрпение ја чекам мојата повторна средба со публиката во прекрасната камерна сала на Македонската филхармонија заедно да ја почувствуваме моЌта на музиката” – изјавува Илкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП