10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДац ќе ги казнува глумците од МНТ кои не ја одиграа претставата...

Дац ќе ги казнува глумците од МНТ кои не ја одиграа претставата “Ничија земја”

В.Д Директорот на МНТ Драган Спасов- Дац вчера вечерта на својот фејсбук профил објави дека ќе ги казни глумците бидејки одбија да ја одиграат претставата “Ничија земја”.

Вчера вечерта околу 600 љубители на театарските претстави беа вратени дома поради откажување на изведбата на претставата “Ничија земја” од страна на глумците во знак на протест поради притворот на нивниот колега Владо Јовановски.

Пред почетокот на претставата актерот Оливер Митковски излегол пред преполната сала и ја соопштил одлуката.

Актерот Владо Јовановски поради настанатите инциденти од 27-ми април доби куќен притвор, а подоцна со одлука на судот се замени со притвор во Шутка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП