10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЦртежи и графики од Љубомир Ивановиќ во Мала станица

Цртежи и графики од Љубомир Ивановиќ во Мала станица

Оваа збирка, која составен дел од колекцијата на движното културно наследство во сопственост на Националната галерија на Македонија, ќе ѝ биде прикажана на публиката во објектот Мала станица в петок. Кураторот на изложбата Маја Крстевска, виш кустос, информира дека изложбата ќе се отвори во 12 часот и истата ќе биде поставена до 13 декември 2017 година.

Цртежите и графиките од Љубомир Ивановиќ (1882 – 1945 г.) се дел од збирката на Националната галерија на Македонија и се подарок од уметникот. Делата првпат се изложуваат пред јавноста, а вкупната бројка е шеесетина дела. Со изложбата, низ избор од неговите цртежи и графики, се претставува исклучителниот опус на овој значаен српски уметник, хроничар на природата и на старите градби (архитектура), патник и пасиониран собирач на предмети од народното творештво, долгогодишен професор.

Збирката содржи дела од дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век, кога тој, впрочем, и престојувал во Македонија истражувајќи го нашето поднебје, со претставување на старите градски јадра до делови од разурнати мостови. Да наведеме само за пример, тоа се пејзажи на делови од Дебар, Кичево, Битола… Куршумли-ан во Скопје, старите цркви во Варош, Прилеп и Галичник, џамии… Секој потег му е добро осмислен, како последица на општиот впечаток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП