ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ќе инвестира 18 милијарди долари во широк социјален пакет

Јапонија ќе инвестира 18 милијарди долари во широк социјален пакет

Јапонската влада ќе инвестира до 2.000 милијарди јени (17,93 милијарди долари) за поддршка на образованието и подобрување на грижата за постарите, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на локалните медиуми.

Со средствата ќе се обезбедат во широк социјален пакет за финансирање на различни програми. Дел од средствата – 800 милијарди јени, ќе бидат насочени за бесплатно одгледување на деца на возраст меѓу 3 и 5 години и поддршка за семејствата со ниски примања и деца до 2 години.

Ранливите домаќинства, исто така, ќе бидат поддржани во однос на образованието за деца. Во фискалната 2020-та година Владата ќе предложи 800 милијарди јени за бесплатна обука на студентите.

Со 100 милијарди јени ќе бидат зголемени платите на вработените во домовите за возрасни и дневните центри.

Очекувањата се дека социјалниот пакет ќе биде официјално претставен од Владата во почетокот на декември. Тој ќе биде финансиран со приходите од зголемените даноци од октомври 2019-та година, како и од зголеменото социјално осигурување на вработените.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП