

Овен (21.03 – 20.04)
Пред вас е солиден викенд кога станува збор за работата и заработката. Ќе успеете да ја подобрите материјалната состојба. Во љубовта ќе имате многу убав однос со партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)
Викендот не е претерно поволен за да се занимавате со важни одлуки и промени. Одморете го малку мозокот. Во љубовта можете да очекувате интересна ситуација со партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе бидете склони лесно да му поверувате на секого, внимавајте некој тоа може да го злоупотреби против вас. Не им верувајте на сите. Во љубовта силно сте заљубени во партнерот и тоа нема да се промени.

Рак (22.06 – 22.07)
Пред вас е поволен викенд во кој ќе успеете да решите некои стари проблеми и компликации. Во љубовта очекувате убав однос со саканото лице.

Лав (23.07 – 22.08)
Викендот нема воопшто да ви биде поволен за работа, ќе имате големи недоразбирања и несогласувања со соработниците. Во љубовта ќе имате големи очекувања и ќе тежнеете кон тоа јасно да го дефинирате односот со саканото лице.

Девица (23.08 – 22.09)
Не сте очекувале напорен викенд, а сепак ќе се случи да имате многу работа. Не ви е лесно да излезете на крај со сите обврски. Во љубовта ве очекува интересен контакт со лице од странство.

Вага (23.09 – 22.10)
Очекувавте поголем успех па сега сте малку разочарани. Не треба да се грижите бидејќи ќе имате можност подоцна да ги промените работите. Во љубовта многу сте заљубени во својот партнер и сакате да бидете покрај него.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов не сте претерано тактични па лесно можете да се впуштите во некои кавги и препирки. Саканото лице се труди да ви угоди но вие едноставно не сте расположени.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Можни се некои неочекувани промени на љубовен план. Не ви е лесно да излезете на крај со своите обврски. Не ја сакате монотонијата и тешко ви е да одржите сериозна врска бидејќи не сте подготвени да им одолеете на бројните искушенија.

Јарец (22.12 – 20.01)
Викендов во никој случај не се потпирајте на среќата, ќе имате загуби. Немојте да ризикувате на било кое поле. Во љубовта ќе бидете задоволни и високо расположени.

Водолија (21.01 – 19.02)
Среќни сте и ќе видите дека трудот ви се исплател. Задоволни сте бидејќи знаете дека во иднина можете да остварите уште поголем успех. Во љубовта ќе имате разни прилики за нови познанства.

Риби (20.02 – 20.03)
Викендот ќе ви биде поволен за донесување на нови деловни одлуки или потпишување на некој договор. Во љубовта обидете се да разговарате со саканото лице за проблемите кои ве измачуваат.



