Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,098.79 0.29%    BESK 7,738.39 -2.05%    GRNT 743.11 -1.78%    KMB 4,373.93 0.64%    MKSD 204.00 9.68%    MPT 30,016.78 0.05%    MTUR 4,100.00 -0.41%    OHB 6,498.44 0.11%    PPIV 44,500.00 0%    RMDEN16 95.50 0.42%    RZLE 14.00 0%    RZLV 44.00 0%    RZUS 124.82 -0.94%    STB 1,022.50 -0.26%    STBP 1,102.85 0.07%    STIL 132.97 3.31%    TEL 270.00 -1.46%    TNB 13,718.00 3%    TPLF 1,573.88 -1.18%    TTK 860.00 -1.23%    UNI 2,420.09 2.55%    ZILU 238.00 8.18%    

Зголемување на старосната граница на пензионирање?!

Време: 15:01

Датум: ноември 23, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Наместо 62 за жени и 64 за мажи, границата за пензионирање да биде 65 односно 67 години. Ова е една од опциите кои би можеле да го стабилизираат фондот. Владата засега негира дека се размислува во таа насока, а ММФ и Светската Банка препорачуваат сериозни реформи.

ММФ: потребни итни реформи

Границата за пензионирање во Македонија е пониска од просекот на Европа, пишува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај во кој се вели и дека „земјата мора да направи повеќе за да се спротивстави на негативниот демографски тренд“.

ММФ предлага серија мерки вклучувајќи и поефикасно собирање на данокот на додадена вредност, повисоки даноци на имот и енергија и скалесто намалување на субвенциите.

СБ: само прилагодување а не зголемување

Светската Банка (СБ), пак, препорачува да се запре со зголемувањето на пензиите, да се оди само со законски предвиденото прилагодување со растот на инфлацијата и трошоците на живот.

„Во минатото ние имавме постојано зголемување на пензиите, 5% секоја година, во години кога има и негативна инфлација, тоа е 5% реално зголемување на пензиите… Зголемувањето создаде притисок на Фондот“ изјави Бојан Шимбов, економист во канцеларијата на Светска Банка во Македонија.

Владата веќе почна да ја применува оваа препорака – во октомври пензиите беа зголемени само за еден процент, односно просечно за 130 денари, или најмалите за 85, а најголемите за околу 500 денари. Ова создаде револт кај дел од пензионерите, но Владата најави дека и понатаму ќе се придржува до законите.

Експерти: Фондот мора да се стабилизира

И домашните аналитичари сметаат дека се потребни итни резови за да се стабилизира Фондот за пензиско (ПИОМ) – причините за лошата состојба во која се наоѓа Фондот според се демографски и економски.

„За ваквата состојба во ПИОМ придонесуваат несоодветните реформи во поделбата на пензиските столбови, несогласување на стажот и возраста при пензионирање со продолжениот животен век но најмногу намалувањето на стапката за придонеси. Решение е враќање на претходните стапки на придонес, зголемување на возраста за пензионирање, раст на вработувањата, но и анализа на контингентот инвалидски пензии“, смета академик Абдулменаф Беџети.

Во ПИОМ секоја година се слеваат стотици милиони евра од државната каса со што се ограничува растот.

„Ако овие средства се насочат кон попродуктивни инвестиции, на пример ако се зголемат капиталните инвестиции кои се 10 % и да ги зголемиме два и пол пати, би имале посилен мотор за раст во иднина“, смета професорот Борче Треновски.

Сепак, има и такви кои сметаат дека притисокот врз Фондот ќе почне сам да се намалува за 4 до 5 години, а проблемот целосно ќе се реши за 15.

„Ова од проста причина што бројот на пензионери што ќе добиваат пензија од првиот пензиски столб ќе се намалува како резултат на природните процеси, односно бројот на оние што ќе се пензионираат ќе биде помал од бројот на оние што заминуваат од природни причини, бидејќи ќе расте морталитетот меѓу старите пензионери. Процесот е природен иако сега делува мошне морбидно и загрижувачки“ вели професорот Мирољуб Шукаров кој има изготвено целосна анализа на проблемот.

МТСП: не ја чепкаме старосната граница

Се работи на реформирање на системот, но засега не се размислува за зголемување на границата за пензионирање, тврди министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„Не е единствено решение зголемување на старосната граница. Тоа е последното решение што треба да се преземе, навистина во Македонија има други работи што треба да се надминат во системот. Тоа е можеби идно долгорочно, но не размислуваме за тоа, сега има и други мерки што ќе ги преземеме и ќе бидат јавно објавени“ вели Царовска.

Веќе е формиран Совет кој изготвува акциски план за стабилизација на Фондот за пензиско.

„Во Македонија постојат други чекори што треба да се преземат и за тоа ќе излеземе кога ќе имаме детален план. За да може да се стабилизира Фондот, прво нешто што преземавме е дека го почитуваме законското решение за зголемување на пензиите и усогласување, а не ад хок паушални зголемувања што не се основани“ изјави Царовска.

ПИОМ најголем расход во буџетот

Проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека една третина од парите во државната каса следната година ќе бидат потрошени за исплата на пензии, социјална и детска заштита. Само за исплата на пензиите во 2018 година од буџетот ќе се издвојат 880 милиони евра, што е за 34 милиони евра повеќе во однос на годинава.

„Што се однесува до дефицитот на ПИОМ, тој стандардно ќе се покрие од буџетот со цел непречена исплата на пензии“ велат од Министерството за финансии.

СДСМ како опозициска партија беше многу гласна во критиките за работењето на ПИОМ. Алармираше дека за десет години дупката во пензискиот фонд е тројно зголемена.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Над 130 милиони евра до крајот на годината достапни за малите и средните претпријатија

    Над 130 милиони евра до крајот на годината достапни за малите и средните претпријатија

    На малите и средни претпријатија до крајот на годината ќе им бидат на располагање 136 милиони евра, средства обезбедени преку Евопската инвестициска банка, ЕБОР и…

  • ФАО: Пчелите мора да бидат заштитени за иднината на нашата храна

    ФАО: Пчелите мора да бидат заштитени за иднината на нашата храна

    Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) по повод првиот Меѓународен ден на пчелата 20 мај ги повикува државите и поединците да сторат повеќе…

  • Скопјани постојано бараат промени во мрежата на автобуски линии

    Скопјани постојано бараат промени во мрежата на автобуски линии

    Во главниот град има потреба од промени во постојната мрежа на автобуски линии и од воведување нови градски и приградски линии. Скопјани велат дека постојните…

  • Кина сака да го отвори својот финансиски сектор за странски банки, но под одредени услови

    Кина сака да го отвори својот финансиски сектор за странски банки, но под одредени услови

    Напорите на Кина да го отвори својот финансиски сектор кон странските банки и финансиски институции ќе се базираат на принципот на реципроцитет и нема да…

  • Од понеделник почнува акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

    Од понеделник почнува акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

    На 21, 22 и 23 мај (понеделник, вторник и среда) Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, односно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, ќе реализира…

  • Криптопазарот изгуби 45 милијарди долари за една недела

    Криптопазарот изгуби 45 милијарди долари за една недела

    Скокот кај криптовалутите поради „блокчејн“ неделата, заврши. Во позадина на илјадниците обожаватели на криптовалутите кои се собраа во Менхетен на конференцијата „Консензус 2018“ и други…

  • Заев и Анѓушев во посета на фабрика во изградба кофинансирана од ИПАРД

    Заев и Анѓушев во посета на фабрика во изградба кофинансирана од ИПАРД

    Премиерот Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев во рамки на вчерашната посета…

  • Отворен ден за граѓаните во Противпожарната бригада на Скопје

    Отворен ден за граѓаните во Противпожарната бригада на Скопје

    По повод Денот на пожарникарството, Градот Скопје и противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ), денес и утре организираат отворен ден за граѓаните. Сите граѓани кои…

  • Електронски ќе се контролира квалитетот на исхраната во училиштата

    Електронски ќе се контролира квалитетот на исхраната во училиштата

    Министерството за образованиe информира дека во рамките на проектот за подобрување на исхраната на децата во предучилишните установи и основните училишта, кој се реализира во…

  • Променливо облачно време со услови за дожд

    Променливо облачно време со услови за дожд

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека попладне ќе има и ретка…