20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈовиќ: Мора да ја подобриме одбраната

Јовиќ: Мора да ја подобриме одбраната

Металург в сабота против Мотор Запорожје ќе се обиде да стави крај на серијата од пет порази во сите натпреварувања. Металург во Лигата на шампионите загуби на последните три средби од Чеховски медведи (26:29) и Монпелје (21:27) во Скопје, односно од Бешикташ (29:32) во Истанбул.

Металург на последните пет натпревари во Лигата на шампионите има победи на само еден натпревар, кај Чеховски медведи, и одигра нерешено кај Мотор Запорожје.

Украинскиот шампион е претпоследниот противник на Металург оваа сезона во Лигата на шампионите.

„Натпреварот со Мотор на гости мислам дека беше нашиот најдобар оваа сезона. В сабота Мотор ја има фаворитската улога. Тоа е искусен и квалитетен тим. Нашата шанса да ги изненадиме ја гледам во нашата одбрана каде што на последните натпревари не играме добро. Ако играме добро во одбраната, тогаш и нашите голмани ќе имаат повеќе одбрани, тоа е еден од условите за добар резултат“, рече тренерот на Металург, Александар Јовиќ, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот.

Јовиќ повеќе од еден месец го предводи тимот бидејќи првиот тренер, Лино Червар, не е со екипата поради ангажманот што го има во хрватската репрезентација. Според информациите, Червар изминативе денови бил на тренинзите, но екипата на дуелот со Мотор Запорожје од клупата повторно ќе ја предводи Јовиќ, а Черва ќе биде на трибините.

Натпреварот Металург – Мотор Запорожје в сабота ќе почне во 17.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

По овој меч, на Металург ќе му остане уште гостувањето во Лисабон кај Спортинг на 2 декември кога ќе го заврши настапот во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП