ПочетнаКУЛТУРАОдбележување 73 години од основањето на Македонската филхармонија

Одбележување 73 години од основањето на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија одбележува 73 години од своето основање. По тој повод утре во 20 часот ќе се одржи концерт на кој ќе бидат изведени композициите: Прелудиум за оркестар бр. 2 од македонскиот композитор Панде Шахов, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Карл Голдмарк, на кој како солист ќе се претстави нашиот истакнат виолинист Љубиша Кировски, и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.

Со оркестарот ќе раководи маестро Борјан Цанев.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП