4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва во Домот на АРМ мјузиклот „Легенда за птицата Симург“

Вечерва во Домот на АРМ мјузиклот „Легенда за птицата Симург“

Над 45 уметници од Турција вечерва ќе учевствуваат во мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ од Турција, што ќе се одржи во Дом на АРМ, со почеток во 20 часот.

Настапот во Скопје е во рамките на балканската турнеја на која „Легендата на птицата Симург“, ќе биде изведена во Солун, Тирана, Сараево, Белград, Загреб, Букурешт и во Софија.

Балканската турнеа е организирана под покровителство на Претседателство на Р. Турција и е поддржана од Влада на Р.Турција, ресорните министерства, државната телевизија ТРТ, како и бројни институции од областа на културата.. Мјузиклот досега е изведуван десетина пати, од премиерата одржана на 6 мај 2016-та во Конгресниот Центар „Халич“.

„Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцувачки и сценски елементи, оригинална кореографија и визуелни уметности, со цел да се истакнат белезите на турската цивилизација низ историјата до денес.

Мјузиклот е приказна за долгото и макотрпно патување на триесетте птици од земјата на птиците кон нивниот султан Симург зад планината Каф. Тоа е и патување за моќта на волјата и решителноста, но и откажувањето на патот низ седумте долини : на желбата, љубовта, способноста, духовната исполнетост, еднобоштвото, зачуденоста и немаштијата…но кога ги поминуваат седумте долини, наместо Симург, ги чека изненадување.

Симбол на птицата Симург може да се сретне во секој регион од Централна Азија до Блискиот Исток, од Балкан до Кавказија. Овој симбол го среќаваме и кај водачот на Ѓоктурскиот Каганат Кул Тигин, кај Селчукскиот султан Алааддин Кејгубат, кај оснивачот на Отоманската Импетија Осман Гази, кај Султан Мехмед Освојувачот, кај Мевлана, Хаџи Бекташ Вели и Јунус Емре, кај хероите на Чанакале, кај победата во Сакарија и кај Мустафа Кемал Ататурк.

Влезот е бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП