Државниот инвестициски фонд на Норвешка објави дека може да престане да купува нафта и гас, што би го лишило енергетскиот сектор од инвестиции во износ од 1 милијарда долари, пишува „MarketWatch“.
Централната банка на Норвешка, која управува со фондот и инвестициите чиј извор се приходите од нафтената индустрија на земјата, наведува дека инвестициите во енергетскиот сектор ја засилуваат изложеноста на владата кон цената на суровата нафта, особено ако се има во предвид мнозинскиот удел на земјата во „Statoil ASA“.
Банката додава дека ранливоста на државното богатство за паѓање на цените на нафтата и на гасот ќе биде намалена со повлекување на инвестицијата.
Во моментов, инвестициите во секторот за нафта и гас претставуваат околу 6% од средствата на Фондот, нешто повеќе од 300 милијарди норвешки круни (36.49 милијарди долари).
Подиндексот на нафтата и гасната индустрија на регионалниот индекс на „Stoxx Europe 600“ се намали по објавувањето на вестите, но успеа делумно да ги поврати загубите. Акциите на „Statoil“ паднаа за 1%.
Фондот поседува и удели во повеќето од нафтените компании во светот, вклучувајќи 0,92% од „Chevron Corp.“, 0,82% од „Exxon Mobil Corp.“, 1,65% од „BP PLC“ и 2,23% од „Royal Dutch Shell PLC“ кон крајот на 2016-та година.
„Вообичаениот процес на отпишување за одреден период нема да има значително влијание врз цената на акциите“, вели аналитичарот на „Jefferies“, Џејсон Гамел.
Предлогот на норвешката централна банка мора да биде одобрен од Министерството за финансии на земјата. Во меѓувреме, агенцијата објави дека владата има намера да донесе одлука во есента 2018-та година.
За две години пониски цени на нафтата, приходите на многу од најголемите светски суверени фондови значително се намалија, се вели во извештајот. Особено, тоа се земјите кои се најмногу зависни од ископување на горива, како Саудиска Арабија и Кувајт.
Норвешкиот фонд е создаден за да има корист од приходите за нафта и гас во земјата. Целта му е да им даде на властите простор за маневрирање во фискалната политика, ако цените на нафтата паѓаат, економијата се намалува и евентуално ако завршат резервите на Норвешка од суровините.
Во септември, средствата на Фондот достигнаа 1.000 милијарди долари во однос на задоцнувањето на зајакнување на валутите во однос на доларот и силните берзи.
Норвешкиот државен инвестициски фонд веќе долго време се повлече од своите инвестиции во рудниците и производителите на енергија. Други големи инвеститори, исто така создадоа фондови кои не инвестираат во фосилни горива, вклучувајќи и го најголемиот приватен пензиски фонд во Норвешка, кој има издадено два такви инструменти.