19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлокотехна го совлада Академик Пловдив

Блокотехна го совлада Академик Пловдив

Блокотехна го запиша третиот триумф во четвртиот меч во регионалната БИБЛ-лига кога на тешкото гостување во Бугарија со минимални 86:82 славеше над Академик Пловдив.

Тимот од Гевгелија имаше одличен старт и предност од 7 поени пред да се случи пад во концентрацијата и домаќинот да направи пресврт за 45:37 водство на полувремето. Блокотехна остана во игра до крајот на мечот за во финишот да стигне до нова победа.

Бенџамин со 31 поен беше најефикасен за тимот на Марјан Илиевски, Мијатовиќ имаше 22 поена, а по 12 постигнаа Младеновиќ и Казарновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП