24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ја совлада Норвешка со 2:0

Македонија ја совлада Норвешка со 2:0

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Норвешка со 2:0 на „Филип Втори“ во Скопје во пријателски дуел, последен за оваа година.

Капитенот Горан Пандев го постигна својот 31. гол во македонскиот дрес за да помогне селекцијата на Игор Ангеловски да стигне до 2:0 победа на тест-мечот против Норвешка на скопскиот дожд пред малку публика на арената „Филип Втори“.

Пандев во 43. минута доби фантастична топка од играчот на Лидс јунајтед, Езѓан Алиоски, за да има совршен финиш за прекрасен гол и за водство од 1:0 на полувремето. Конечните 2:0 ги постави напаѓачот на Работнички, Кире Маркоски користејќи го падот на концентрацијата на дефанзивците на Норвешка во самиот финиш на мечот, поточно во 94. минута од натпреварот.

По неуспешните квалификации за Светското првенство во Русија, македонските репрезентативци ја завршуваат годината со добро расположение, по добрите игри против Албанија и Италија, и со победата над цврстиот противник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП