11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБритански фантомски компании се вклучени во скандали со перење пари

Британски фантомски компании се вклучени во скандали со перење пари

Британски фантоми компании се инволвирани во скандалозни операции на перење пари во вкупна вредност од околу 80 милијарди фунти (105 милијарди долари), пишува „Financial Times“, повикувајќи се на невладината организација „Транспаренси интернешнл“.

Според податоците на експертите во Велика Британија има цела мрежа од компании кои работат на ист начин како компаниите кои се во центарот на откриените „Парадајс пејперс“ и „Панама пејперс“.

На британските острови се регистрирани 766 компании кои се вклучени директно во перење на пари во најмалку 13 земји, пишува „Financial Times“.

„Додека сите покажуваат јурисдикции како Панама и Бермуда е срамно за Велика Британија дека под носот ни се создаваат компании со единствена цел да се перат нелегални пари. Пари кои често се украдени од некои од најсиромашните народи во светот, лишувајќи ги од виталните ресурси, вели директорот на „Транспаренси интернешенел“, Данкан Хејмс.

За ефективноста на британските финансиски регулации организацијата утврдува дека „практично нема никакви бариери за да се спречи учеството на британски компании во перењето пари“. Невозможно е да се трага и во нивната последователната активност, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП