ПочетнаИНТЕРЕСНОАнадолу Ефес конечно се радуваше на победа во Евролигата

Анадолу Ефес конечно се радуваше на победа во Евролигата

Анадолу Ефес дури во шестото коло ја забележа првата победа во Евролигата. Ефес славеше во Барселона 89:85. На отворањето на шестата евролигашка руда убедливи беа Жалгирис и ЦСКА Москва, додека Реал загуби од Макаби.

Ефес конечно успеа да забележи победа во новата сезона. Избраницит на Велимир Перасовќ во „блауграна“ водеа во текот на целиот натпревар, често имаа и двоцифрена предност, а Барселона поразот го ублажи во последните 44 секунди кога направи серија 10:0.

Штимац го предводеше Ефес со 22 поени, 8 скока и 2 украдени топки додека Американците Рики Ледо и Ерик Мекалум постигнаа по 21 кош.

Пораз доживеа и вториот шпански великан Реал. Тимот од Мадрид гостуваше кај Макаби имаше предност до 15 минута, кога Макаби го презеде водството, кои повеќе не го испушти.

Дешон Томас постигна 19, а Мајкл Рол 16 поени за победникот, додека Рел го предводеше Лука Дончиќ со 19 поени.

На преостанатите две средби ЦСКА убедливо славеше над Валенсија 94:67, а Армани доживеа дебакл од Жалгирис 62:94.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП