25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПретставена официјалната топка за СП 2018 во Русија – Телстар 18(видео)

Претставена официјалната топка за СП 2018 во Русија – Телстар 18(видео)

ФИФА и „Адидас“ ја покажаа топката со која најдобрите фудбалери на светот ќе се борат на Светското првенство во Русија и според најавите се работи за ретро-дизајн кој наликува на топките од 1970-тите.

Дизајнот е (нормално) помалку ретро – налик на топките на „Адидас“ од раните 1970-ти, посебно топката „Телстар“ користена во 1970 и 1974, пред да биде заменета со „Танго“ во 1978 година.

„Имав среќа да ја ‘запознаам’ топката малку порано од другите. Ми се допаѓа сè – дизајнот, боите…“, вели Лионел Меси.

Името на оригиналната „Телстар“ доаѓа од статусот на „ѕвезда на телевизијата“. Тоа беше прва топка која беше декорирана со црни панели (за добро да се гледа на црно-белите ТВ приемници), и го смени фудбалскиот дизајн засекогаш.

Оваа верзија на „Телстар“ е малку посовремена – внатре има НФЦ чип, кој дозволува поврзување со смартфон.

Погледнете ги фудбалските топки за Светските првенства од 1930 до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП