ПочетнаЕКОНОМИЈАДел од неколку скопски општини утре ќе бидат без струја

Дел од неколку скопски општини утре ќе бидат без струја

Поради технички зафати утре без електрична енергија ќе бидат дел од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Чучер-Сандево.

Како што соопшти РЦУК, од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од булеварот „Партизански одреди“, меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Франклин Рузвелт“ и корисниците од дел од улиците „Каирска“, „Анкарска“, „Римска“, „Алжирска“, „Бахар Моис“, „Њуделхиска“, „Наум Евро“, „Дрезденска“, „Атинска“ и „Багдатска“ во карпош, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од фирмите на Качанички Пат и останатите објекти во нивна близина, како и корисниците од улиците бр. 8 и бр. 2 во Чучер-Сандево, од 08:30 до 15:00 часот корисниците од сите објекти во поранешната Стакларница и фирмите во нејзин склоп, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата „Стив Наумов“ бр. 75 и бр. 61А во Гази Баба, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улицата „Дебарца“ во Центар.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП