28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрв финалист во Копа либертадорес е Ланус

Прв финалист во Копа либертадорес е Ланус

Фудбалерите на Ланус се пласираа во финалето на Копа либертадорес откако со неверојатен пресврт ја елиминираа Ривер Плата. Ланус надомести гол негатива од првиот меч и со победата 4:2 избори финале во натпреварувањето кое е пандан на Лигата на шампионите.

Почетокот на мечот донесе два брзи гола на гостите од Буенос Аирес, кои во 23. минута водеа 0:2 со головите на Скоко и Монтиел.

Во финишот на првиот и почетокот на вториот дел домаќинот израмни на 2:2 со головите на Сандо.

По еден час игра, Акоста погоди за 3:2, а конечните 4:2 ги постави Силва од пенал.

Противник на Ланус во финалето ќе биде победникот од полуфиналниот двомеч во кој играат Гремио и Барселона (Еквадор). По првиот меч бразилскиот тим има предност 3:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП