ПочетнаЕКОНОМИЈАЕсенски базар на уникатни современи уметнички творби во Скопје

Есенски базар на уникатни современи уметнички творби во Скопје

Голем Есенски базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци ќе се одржи од 3 до 5 ноември во „Скопје Сити мол“.

Станува збор за повеќе од 20-тина индивидуалци, уметници и 18 брендови, кои ќе ги претстават пред јавноста своите најнови и оригинални производи.

Посетителите ќе имаат можност да купат автентични производи од филигран и модерен накит, преку рачно изработени чанти и чевли, до дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП