ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја престигнаа Швајцарија на листата со најбогати земји во светот

САД ја престигнаа Швајцарија на листата со најбогати земји во светот

САД ја престигнаа Швајцарија на листата со најбогати земји во светот, покажа истражувањето „Глобал велт рипорт 2016“.

Приватното богатство на жител во Швајцарија минатата година изнесувало 175.720 евра. И покрај растот од 2,7 отсто, тоа не било доволно да ги престигнат САД, чиј раст бил 5,8 отсто на 177.210 евра.

И двете земји се речиси двапати побогати од Јапонија, која го зазема третото место.

Сепак, кога станува збор за бруто-износот на жител, Швајцарија останува на врвот со цифра од 268.840 евра, далеку пред САД, каде што тој износ е 221.690 евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП