24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГаврилова со Пављученкова за трофејот во Хонгконг

Гаврилова со Пављученкова за трофејот во Хонгконг

Дарја Гаврилова го одигра најдобриот меч оваа недела за да се пласира во финалето на Хонгконг опен со 6:0/7:5 победа над Американката Џенифер Брејди и сега за втората титула во 2017 ќе игра со Русинката Анастасија Пављученкова, која со 6:3/6:4 беше подобра од Кинеската Ванг Кијанг.

Австралијката Гаврилова, која е родена во Русија, го освои првиот сет за само 22 минути, додека 20-годишната Брејди, светска тенисерка број 70 беше импресионирана од своето прво ВТА полуфинале.

„Денеска го одиграв најдобриот меч откако сме во Азија. Возбудена сум што ќе играм за трофејот, откако претходно најдобар пласман ми беше четврт-финалето“, вели Гаврилова, која ја освои својата прва титула во кариерата на Њу Хејвен опен во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП