ПочетнаКУЛТУРАВо Музејот на македонската борба ќе биде поставена картофилска изложба

Во Музејот на македонската борба ќе биде поставена картофилска изложба

По повод Денот на востанието, 11 Октомври, во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена картофилска изложба на д-р Бранислав Светозаревиќ под наслов „Социјалисти и комунисти – револуционери“.

Изложбата ќе биде отворена денеска во 12 часот во холот на Музејот на македонската борба.

Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 23 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП