19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБош: Набргу трансфер од милијарда евра

Бош: Набргу трансфер од милијарда евра

Тренерот на Борусија Дортмунд, Питер Бош, е убеден дека во блиска иднина за некој трансфер ќе бидат издвоени милијарда евра.

Рекордер засега е Бразилецот Нејмар за чиј трансфер ПСЖ на Барселона ѝ плати 222 милиона евра.

„Цената за која Нејмар замина од Барселона набргу ќе се смета за нормална кога сѐ во прашање трансферите. Се ближи денот кога трансфер ќе изнесува милијарда евра“, рекол Бош.

„Клубовите бргу ги враќаат вложените пари од продажбата на дресови и со други маркетинг-активности“, дополнил Бош.

Холандскиот тренер, кој летово ја презеде Борусија Дортмунд, проговорил и за најдобриот стрелец на тимот, Пјер-Емерик Обамејанг.

„Тој е повеќе од фудбалер, голем човек, лидер. Не е важен само поради головите, тој секогаш го дава максимумот на натпреварите и тренинзите“, рекол Бош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП