19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтефановски ја заврши сезоната со петто место

Стефановски ја заврши сезоната со петто место

Игор Стефановски Иџе ја заврши сезоната во ЕТЦЦ шампионатот на ФИА со петто место на втората трка во Мост, Чешка Република, додека домашниот фаворит Петр Фулин со победа ја запечати својата трета титула во шампионатот.

Стефановски шансите за титулата ги загуби во првата трка, кога во момент кога беше на првото место доби казна со минување во боксот за предизвикување на инцидент, по што заврши на осмото место.

Во втората ЕТЦЦ сезона во кариерата, поранешниот двократен светски шампион на ридски патеки, победи двапати (во Нирбургринг и Цолдер), и на крајот е на четвртото место во генерален пласман, зад Фулин, Унгарецот Норберт Наѓ и Швајцарецот Кристјоханес Шрајбер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП