28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоследните копачки на Бекам

Последните копачки на Бекам

boots-blog480

Англиската легенда Дејвид Бекам го подготви последниот пар копачки за натпреварот вечерва меѓу ПСЖ и Брест, кој се очекува да биде неговиот последен во кариерата.

Копачките на Бекс се во боите на британското знаме, а на едната страна се испишани имињата на децата на фудбалерот – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер. Над нив пак е насликана буквата В со која почнува името на неговата сопруга Викторија.

На копачките е и денешниот датум, а над петтата ги има броевите 7, 23 и 32, со кои англискиот фудбалер блескаше за време на славната кариера. Само пред неколку дена, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ЛА Галакси и Милан објави дека престанува со aктивното играње на фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП