19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХет-трик на Левандовски против Ерменија

Хет-трик на Левандовски против Ерменија

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, влезе во историјата на полскиот фудбал како најдобар стрелец кога имаше хет-трик за својата репрезентација да стигне до 6:1 победа на гостувањето во Ерменија и да ја донесе Полска на чекор до СП во Русија во 2018 година.

Со победата Полска си го осигурa првото или второто место во групата Е (Полјаците ќе бидат првопласирани доколку Данска и Црна Гора одиграат нерешено).

Полјаците дојдоа во водство преку Камил Гросицки, по што на сцена стапи Левандовски со два гола за 15 минути, од кои вториот беше посебно импресивен бидејќи беше постигнат од индиректен удар во шестнаесетникот на Ерменците, кои имаа 11 играчи на гол-линијата.

Играчот на македонскиот шампион Вардар, Ховханес Хамбарѕумјан, донесе надеж за домаќините со гол во 39. минута, но во второто полувреме овие надежи беа уништени. Јакуб Блажчиковски додаде уште еден гол, Левандовски го комплетира хет-трикот, а Рафал Волски во 89. минута го постигна и шестиот гол за гостите.

Левандовски, пак, сега има 50 гоа во националниот дрес во 90 натпревари, со што го помина Влоѕимиерж Љубански, кој имаше 48 гола во репрезентацијата од 1963 до 1980 година. Левандовски исто така има 15 гола во овој квалификациски циклус, еден повеќе од Португалецот Кристијано Роналдо.

Во меч што немаше резултатско значење, односно двете репрезентации немаат шанси за пласман на СП, Чешка го победи Азербејџан со минимални 2:1.

ЕРМЕНИЈА – ПОЛСКА 1:6

АЗЕРБЕЈЏАН – ЧЕШКА Р. 1:2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП