29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонтела размислува само на следниот меч

Монтела размислува само на следниот меч

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, вели дека го прифаќа притисокот што доаѓа со неговата позиција, но посочува дека е фокусиран само на следниот натпревар, градското дерби против Интер.

„Росонерите“ ги загубија последните два натпревара во Серија А, а по паузата за интернационални мечеви се среќаваат со Интер во „Дерби дела Мадонина“. Шпекулациите велеа дека тој ќе биде заменет со Карло Анчелоти како можна опција, но Монтела вели дека останува смирен.

„Тоа е прекрасното нешто во оваа работа, главата и идеите ти се насочени само кон следниот натпревар. Поразот од Рома беше лош, но мислам дека го подобруваме тимот. Очекувањата во Милан секогаш се големи, посебно поради медиумите. Целта е да се биде меѓу најдобрите 4 во Италија и засега не сме толку далеку. Не ми пречи што пишува печатот бидејќи знам каков ризик носи мојата позиција“, вели Монтела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП