20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБелградскиот ФМП го совлада МЗТ

Белградскиот ФМП го совлада МЗТ

Белградскиот ФМП го совлада МЗТ Скопје со високи 100:72 во вториот натпревар од новата сезона во АБА-лигата не дозволувајќи му на Александар Тодоров да има супер старт на регионалното натпреварување по победата над Партизан во Скопје.

Македонскиот шампион имаше солиден старт и ја доби првата четвртина со 26:25, но српскиот претставник во втората четвртина направи предност, која не ја испушти до крајот на натпреварот. Во последната четвртина домаќинот само ја зголеми мизеријата на МЗТ стигнувајќи до разлика и од 30 поени за на крајот да ја пробие и границата од 100 поени.

Кај ФМП најдобар поединец беше Александар Бурсаќ со 17 поени, 2 асистенции и еден блок, а Алекса Раданов имаше 4 тројки и 15 поени.

Во тимот на МЗТ најдобри беа Американците – Ерик Гарсија имаше речиси 35 минути на теренот и 16 постигнати поени, а Брет Бејли додаде уште 13 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП