29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Металург загуби од ППД Загреб

СЕХА: Металург загуби од ППД Загреб

Металург загуби од ППД Загреб 26:32 (12:13) во петтото коло во регионалната СЕХА лига. За играчите кои на овој меч од клупата ги предводеше Александар Јовиќ ова е трет пораз во СЕХА конкуренцијата.

Металург немаше сили, ниту искуство да му се спротивстави на ППД Загреб, кој неколкудневниот престој во Скопје го заврши со пораз од Вардар во Лигата на шампионите и победа над тимот од Автокоманда во СЕХА лигата.

Апсолутно израмнети беа двата тима во првото полувреме, во кое се играше гол за гол. Металург имаше 3.1 во осмата минута, а Загреб создаде два гола предност (10:12) во 26.минута.

Искуството на Загреб беше пресудно во второто полувреме, кога одбраната на Металург немаше решение за бековите Мандалиниќ и Вуглач.

Резултатски гостите се „одлепија“ од противникот во 34.минута (14:17), а Металург успеа да стигне до израмнување во 41.минута (20:20). Две минуит подоцна беше 21:21, кога играчите на Металург влегоа во серија на технички грешки, а противникот реалзиираше четири напади за 21:25.

Борбеноста го врати Металург во мечот во 50.минута (24:25), но потоа играчите на Јовиќ повторно влегоа во серија на грешки и до 56.минута му овозможија на Загреб серија 1:6 (25:31) со која беше решен победникот.

Јагањац беше најефикасен кај Металург со седум голови, а по четири постигнаа Велковски и Анѓелиќ.

На спротивната страна се издвоија тројца играчи: Мандалиниќ постигна осум голови со само едно промашување од игра, Вуглач погоди седум пати, а Хорват постигна шест гола, со перфектна реализција на седмерците 5/5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП