18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Еурохупс“: АБА лигата деветта во Европа

„Еурохупс“: АБА лигата деветта во Европа

Кошаркарскиот портал „Еурохупс“, пред почетокот на сезоната 2017/2018 направи листа на десетте најсилни кошаркарски првенства во Европа. Според порталот, регионалната АБА лига се наоѓа на деветтото место.

Број е првенство според „Еурохупс“ е националниот шампионат на Шпанија, првенство во кое играат пет евролигашки екипи (Реал, Барселона, Басконија, Валенсија, Уникаха).

Лигата на Турција, каде што настапува европскиот шампион Фенербахче, но и респектабилните тимови на Ефес, Бешикташ, Галатасарај е на второто место, а на третото место е регионалната ВТБ лига, во која играат ЦСКА Москва, Химки, Локомотив Кубан, Жалгирис.

Според порталот, четврто најдобро првенство во Европа е германското, на петтото и шестото место се првенствата на Италија и Франција, следува Грција, каде што и сезонава Олимпијакос и Панатинаикос ќе решаваат за титулата.

Пред АБА лигата е националниот шампионат на Израел, а Топ 10 завршува со шампионатот на Литванија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП