25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометарки загубија од Србија

Македонските ракометарки загубија од Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција. Македонија вечерва загуби од Србија 27:33 (15:14).

Избраничките на селекторот Симе Симовски одиграа добар меч, но ниту тоа не беше доволно да се совладаа Србија во СРЦ „Кале“. Прво полувреме беше целосно израмнето, речиси се играше гол за гол. Србинките имаа 8:10 во 16.минута, но Македонија во наредните седум минути ја врати предноста на своја страна 12:11, а еден гол позитива беше и на полувреме 15:14.

Македонија имаше 17:15 во 34.минута, кога Томашевиќ одбрани неколку удари во серија со што и овозможи серија на Србија 2:7 и водство 19:22 во 42.минута.

Од оваа негатива македонските ракометарки не успеаја да се вратат и го запишаа вториот пораз, додека Србија во групата има две победи.

Керамичиева со шест, односно Ристовска и Гакидова со по пет голови беа најефикасни во македонската репрезентација. На спротивната страка Крпеж постигна девет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП