29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Вардар го совладаа ППД Загреб

Ракометарите на Вардар го совладаа ППД Загреб

Ракометарите на Вардар ја забележаа третата победа во Лигата на шампионите, со што го продолжија перфектниот старт во новата сезона. „Црвено-црните“ на домашен терен го победија ППД Загреб 28:21 (13:9). Вардар сметајќи го и финишот на минатата сезона се наоѓа во серија од осум триумфи во Лигата на шампионите.

Карактеристика на шампионите е да победуваат и кога не играат добро, а токму тоа Вардар го демонстрираше на дуелот со хрватскиот првак.

Вардар се мачеше со Загреб во првите 15 минути, а потоа рутински го одработи натпреварот. Бавниот почеток на европскиот шампион гостите го искористија за почетна предност 0:3 и 1:4, што го натера Раул Гонзалес по четири минути игра да побара минута одмор.

„Црвено-црните“ потоа го подигнаа нивото на играта, Штербик за кратко време нанижа четири интервенции, кој заедно со одбраната не му дозволи на противникот цели 12 минути да постигне гол и со серија од шест гола се „одлепи“ од противникот на 7:4.

Од тој момент Загреб не успеа да се врати, ниту да се доближи на повеќе од два гола негатива.

Во финишот на првиот дел се разигра Македа, кој со четири гола го предводеше тимот до 13:10 по 30 минути игра.

Сличен разој на настаните имаше и почеткот на второто полувреме, одбраната и Штербик го оставија Загреб без гол цели 11 минути, Вардар постигна три за водство 16:10, со кое беа решени сите дилеми околу конечниот победник.

Штербик на крајот заврши со 10 интервенции, а стрелците ги предводеа Македа и Борозан со по четири гола.

Кај ППД Загреб се издвоија голманот Кастелиќ со 12 интервенции, односно Мандалиниќ кој со 9 голови беше најефикасен на натпреварот.

Вардар во наредното коло, на 7.октомври, ќе гостува во Унгарија кај ПИК Сегед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП