19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарко Асенсио го продолжи договорот со Реал до 2023 година

Марко Асенсио го продолжи договорот со Реал до 2023 година

Фудбалерот на Реал Мадрид Марко Асенсио го продолжи договорот со клубот до 30.јуни 2023 година.

Асенсио во Реал пристигна во 2014 година, но клубот веднаш го испрати на позајмица најпрвин во Мајорка, а потоа во Еспањол.

Минатата сезона во клубот го врати Зинедин Зидан. Досега за Реал има одиграно 48 натпревари и постигнато 14 голови. Со Реал ги освои трофеите во првенството на Шпанија, Суперкупот на УЕФА, Суперкупот на Шпанија и Лигата на шампионите.

Претходно, Реал ги продолжи договорите со Карим Бензема, Рафаел Варан, Иско, Марсело и Дани Карвахал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП