20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома го совлада Карабаг (видео)

Рома го совлада Карабаг (видео)

Фудбалерите на Рома го победија Карабаг во Баку со 2:1 (2:1) во првиот натпревар од второто коло во Ц-групата во Лигата на шампионите.

Италијанскиот шампион одлично влезе во натпреварот и по 15 минути игра, имаше предност од 2:0. Иако изгледаше дека Рома ќе забележи лесна победа, шампионот на Азербејџан во дебито пред своите навивачи во Лигата на шампионите успеа да намали по половина час игра и да внесе неизвесност во мечот.

Рома до предност стигна преку дефанзивецот Манолас, а во 15. минута најдобриот стрелец на „волчицата“, Џеко, ја зголеми предноста.

До крајот на првиот дел, во 28. минута, Карабаг успеа да постигне гол, и тоа преку Педро Енрике. Ова беше првиот гол за азербејџанскиот тим во Лигата на шампионите.

Во второто полувреме немаше голови иако Дино Длову во 90. минута пропушти добра шанса да го израмни резултатот.

Во наредното коло Рома ќе му гостува на Челси, а Карабаг ќе го пречека Атлетико Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП