25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЌе се обединат Леброн Џејмс и Двејн Вејд (видео)

Ќе се обединат Леброн Џејмс и Двејн Вејд (видео)

Двејн Вејд ќе потпише едногодишен договор со Кливленд Кавалирс за кој ќе добие 2,3 милиони долари.

Популарниот „Флеш“ ја искористи можноста повторно да игра во иста екипа со Леброн Џејмс. Овие двајца со Мајами играа четири финалиња во НБА лигата и освоија две титули.

Вејд пред два дена го напушти Чикаго Булс откако во тимот од родниот град се задржа само една година. Вејд се откажа од осум милиони долари од вкупно 23,8 милиони долари колку што требаше да добие од Чикаго во сезоната 2017/2018.

За неговите услуги интерес покажаа Мајами, Оклахома и Сан Антонио, но американските медиуми пренесуваат дека во Кливленд му ветиле дека ќе биде стартер, што покрај можноста повтoрно да игра заедно со Леброн Џејмс било клучно во носењето на одлуката каде ќе ја продолжи кариерата.

Двејн Вејд е трикратен НБА шампион, 12 пати учествувал на oл-стар натпреварот, а во кариерата има просек од 23,3 поени, 5,7 асистенции и 4,8 скокови по натпревар. Минатата сезона во дресот на Чикаго во просек по натпревар постигнувал по 18 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП