29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лигата на шампионите

УЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лигата на шампионите

Трансферите на Нејмар од Барселона и Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ летово предизвикаа тектонски нарушувања во фудбалскиот свет, но поради двата најголеми трансфери во историјата на фудбалот, францускиот клуб би можел да биде исфрлен од европските купови во сезоната 2018/2019.

Поради финансискиот фер-плеј, ПСЖ добил наредба од УЕФА во јануарскиот преоден рок да продаде осум фудбалери, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Во летниот преоден рок ПСЖ продаде двајца фудбалери Блез Матуиди замина во Јувентус, а Серж Орие во Тотенхем. Од овие трансфери клубот заработи 45 милиони евра, но оваа сума не е доволна за да се испочитува финансискиот фер-плеј.

Не е тајна дека клубот во летниот преоден рок имаше намера да ги продаде Анхел ди Мари, Хавиер Пасторе, Јулијан Дракслер, Хатем Бен Арфа и Лукас Моура, но не успеа.

Исто така познато е дека Дракслер и Бен Арфа не сакаат да заминат од Париз, за Моура најголем интерес покажува Интер, а и Пасторе не би имал ништо против да се врати во Италија.

Во вторникот француските медиуми пишуваа дека во јануари на продажба ќе биде и Единсон Кавани за кого се интересираат екипи од Премиер лигата, иако негова желба е Реал Мадрид.

ПСЖ е во незавидна положба бидејќи во јануарскиот преоден рок ретко се реализираат позначајни трансфери, а и јасно е дека другите клубови ќе вршат притисок врз УЕФА да ја испочитува својата одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП