25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтанковски го одработи првиот тренинг со Работнички

Станковски го одработи првиот тренинг со Работнички

Горан Станковски кој го наследи Виктор Треневски на функцијата шеф на стручниот штаб на Работнички, во вторникот, го одработи првиот тренинг со фудбалерите.

„Голема чест е да се биде тренер на Работнички и веднаш сакам да искажам благодарност до раководството за укажаната доверба. Мора да кажам дека не размислував ниту миг, кога ми беше понудено местото шеф на стручниот штаб, тоа е голем предизвик. Се надевам дека со напорна работа и со успешни резултати ќе ја оправдам довербата. Играв во овој клуб како фудбалер, работев во младинската школа откако решив да се посветам на тренерскиот занает и средината ми е апсолутно позната. Добро ги знам и квалитетите на фудбалерите и сигурен сум дека не го заслужуваат сегашното место на табелата во Првата лига. Ќе работиме напорно и ќе се трудиме да ги подобриме сите аспекти во наредниот период. Првичната цел е да се консолидира екипата по релативно слабиот старт на сезоната и да тргнеме напред со добри игри и позитивни резултати. Веќе утре не очекува дуел со Силекс“, изјавил Станковски за клупската интернет страница.

Станковски дебито на клупата на Работнички ќе го има в среда кога на „Филип Втори“ (15:30 часот) ќе гостува Силекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП