Манчестер јунајтед соопшти дека во првата година од мандатот на Жозе Мурињо остварил рекорден приход од 581,2 милион фунти.
Манчестер јунајтед минатата сезона ги освои Лига купот на Англија и Лига Европа, трофеј што му овозможи да се натпреварува во Лигата на шампионите, а Премиер лигата ја заврши на шесттата позција.
Клубот од „Олд Трафорд“ во првата година од владеењето на Мурињо ги зголемил приходите за 13 отсто.
Манчестер јунајтед во оваа финансиска година прогнозира приход од 575 до 585 милиони фунти.