ПочетнаЕКОНОМИЈАПоставени 10 паркиралишта за велосипеди во центарот на Скопје

Поставени 10 паркиралишта за велосипеди во центарот на Скопје

Како дел од активностите на Европската недела на мобилноста 2017, Градот Скопје постави 10 паркиралишта за велосипеди кои се монтирани на две локации во центарот на градот – пред Судската палата и кај крстосницата меѓу улиците Македонија и Даме Груев.

На двете локации се поставени по пет паркиралишта за велосипеди кои се изработени од метална конструкција, со профили, и означени со грбот на Град Скопје.

Овој проект се реализира и во соработка со невладините организации „Македонски зелен центар“ и „Прв до врв“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП