19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерската легенда Ивковиќ ја заврши кариерата (видео)

Тренерската легенда Ивковиќ ја заврши кариерата (видео)

Легендарниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ (74) официјално стави крај на својата кариера. Во Атина неговите „Ѕвезди“ го совладаа Олимпијакос со 111:103. На мечот во Атина беше присутен и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кој ја прифати поканата на Ивковиќ да биде дел од овој спектакл.

Душан Ивковиќ во исклучително богатата кариера освои 28 трофеи поради што натпреваот заврши на 28 секунди до крајот.

Ивковиќ во кариерата два пати ја освојуваше Евролигата, два пати со Олимпијакос (1997, 2012). Тој има и трофеи во Еврокупот (2006), Купот на Радивој Кораќ (1976) и Купот Сапорта (2000). Во државите каде што работел освоил 15 шампионски титули.

Во кариерата работел во Раднички, Шибенка, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Ефес…

Ивковиќ е првиот тренер кој од Евролигата го доби признанието „Тренерска легенда“.

На прошталниот меч беа присутни негови поранешни играчи Перо Антиќ, Џеди Осман, Томас Ертел, Богдан Богдановиќ, Костас Слукас, Дарио Шариќ, Виктор Хријапа, Кајл Хајнс, Марко Кешељ, Бобан Марјановиќ…

Беа присутни и поранешните кошаркари Далипагиќ, Даниловиќ, Здовц, Томашевиќ, Тарлаќ, Чутура, Крстиќ, Ѓорѓевиќ, Раџа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП