28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСмена на тренерите во Андерлехт и Волфсбург

Смена на тренерите во Андерлехт и Волфсбург

Најтрофејниот белгиски тим Андерлехт му врачи отказ на тренерот Рене Вајлер, а во исто време тренерот го отпушти и бундеслигашот Волфсбург.

Андерлехт по девет кола во националното првенство има освоено само девет бода, од кои само еден на последните шест меча. Белгиците исто така загубија и во првото коло во Лигата на шампионите.

Речиси во исто време отказ доби и тренерот на Волфсбург, Андреас Јонкер. „Волците“ под водство на 54-годишниот Јонкер забележаа само една победа во воведните четири натпревари во Бундеслигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП