18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВодич и промоција на авантуристичкиот туризам во земјава

Водич и промоција на авантуристичкиот туризам во земјава

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија во соработка со Македонската спортско-качувачка федерација вложија напори преку спортското качување да го промовираат авантуристичкиот туризам во земјава.

Во изминатиот период се работело на подобрување на условите на качувачките локалитети во Македонија и изработка на спортско-качувачки водич. Промоцијата на еден од качувачките локалитетите и на водичот ќе се одржи на 14 септември во 12 часот, на Кадина карпа во јужниот дел на Скопје (локалитет за кој спортските качувачи од земјава можат со гордост да истакнат дека заслужува епитет на светско место за спортско качување).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП