25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал го совлада Андерсон и го освои својот трет УС Опен

Надал го совлада Андерсон и го освои својот трет УС Опен

Рафаел Надал ја освои титулата на отвореното првенство на САД во тенис откако во финалето рутински славеше над Јужноафриканецот Кевон Андерсон во три сета (6:3, 6:3, 6:4).

Надал ја освои третата титула во Њујорк и стигна до бројката од 16 гренд слем титули во кариерата.

„Ова беа посебни две недели за мене. Но, најпрвин сакам да му честитам на Кевин. Тој е одличен пример за младите и за сите други на АТП турнирот дека е можно враќање во најдобро издание“, рече Надал.

Шпанецот Отвореното првенство на САД го освои третпат во кариерата (2010, 2013). Во Њујорк го освои петтиот трофеј сезонава и дополнително се зацврсти на првата позиција на ТАП листата.

„Ова е неверојатно. Неколку години се мачев со повредите, а од почетокот на годината сето она што ми се случува го преживувам со многу емоции. Уште од Аустралиен опен играм на високо ниво. Оваа титула ќе ми даде дополнителна енергија“, дополнил Шпанецот.

Со освојувањето на титулата во Њујорк, Надал ја зголеми предноста на АТП листата и сега е најголемиот кандидат годината да ја заврши на првото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП