28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООтворен турнирот во мал фудбал „8 Септември“ во Скопје

Отворен турнирот во мал фудбал „8 Септември“ во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски вчера присуствуваа на отворањето на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември“, што се одржува по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Ова е 10. јубилејно издание на овој турнир, кое и оваа година ќе се одржи на спортското игралиште во населбата Триангла, а истото е финансиски поддржано од страна на Градот Скопје и Општина Гази Баба.

Градоначалникот Трајановски се обрати пред присутните, посакувајќи им добра забава, фер плеј игра, многу среќа и умешност.

„Радува податокот дека секоја година се пријавуваат сè повеќе екипи од повеќе општини од Скопје и од Македонија, дека одгласот во публиката е сè поголем, а дека за афирмацијата на турнирот, покрај организаторите и покровителите, секако се заслужни и бројните спонзори коишто обезбедија вредни награди“, кажа градоначалникот Трајановски.

На турнирот „8 Септември“ оваа година учество ќе земат над 50 екипи, кои ќе се натпреваруваат во 8 групи, при што најдобрите 4 екипи од секоја група ќе поминат во елиминационата фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП