19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повредата на колкот крај на сезоната и за Енди Мареј

Поради повредата на колкот крај на сезоната и за Енди Мареј

Британскиот тенисер Енди Мареј изјавил дека, најверојатно, нема да се натпреварува до крајот на годината поради повредата на колкот со која се мачи во изминатите два месеца.

Мареј, кој во моментот се наоѓа на втората позиција на АТП-листата, со колкот се мачи уште пред почетокот на Вимблдон, каде што испадна во четврт-финалето.

По третиот гренд слем во сезоната, тој ги пропушти мастерс-турнирите во Монтреал и Синсинати, а не учествува ниту на последниот гренд слем, Отвореното првенство на САД.

Мареј со соопштение ѝ се обрати на јавноста, во кое се вели дека сигурно нема да игра на наредните турнири во Пекинг и Шангај.

„За жал, нема да бидам во можност да се натпреварувам во Пекинг и Шангај, а најверојатно и во Виена и Париз, кои се последни два турнира во сезоната. Се откажав од настапот поради повредата на колкот со која имам проблеми изминатите месеци. Се консултирав со многумина специјалисти изминатите недели, како и со мојот тим. Решивме дека вака е најдобро за мојата иднина иако ова беше фрустрирачка сезона од многу причини. Убеден сум дека по овој продолжен одмор и периодот на рехабилитација повторно ќе бидам на врвно ниво и дека наредната сезона ќе се борам за гренд слем титулите. Прв турнир на кој ќе учествувам наредната година ќе биде Бризбејн, кој ќе ми биде подготовка за Австралија опен“, стои во соопштението.

Енди Мареј е четвртиот тенисер од оние што се меѓу најдобрите десет во светот, кој поради повреда ја заврши сезоната, претходно тоа го направија Новак Ѓоковиќ, Стан Вавринка и Кеи Нишикори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП