29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенус и Стивенс полуфиналистки во Њујорк

Венус и Стивенс полуфиналистки во Њујорк

Американската ветеранка Венус Вилијамс ќе игра во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во тенис. Венус (37) во Њујорк против сонародничката Слоун Стивенс ќе го одигра своето 23 полуфинале на Гренд слем турнирите.

Венус Вилијамс во извонреден меч, за 154 минути игра, ја совлада Петра Квитова од Чешка со 2:1 (6:3, 3:6, 7:6).

Венус за пласман во финалето ќе се бори против сонародничката Сивенс, која интересно со идентичен резултат 6:3, 3:6, 7:6 забележа победа над Летонската Антастасија Севастова.

Стивенс пред четири години играше полуфинале во Мелбурн и четвртфинале во Вимблдон. Таа по 13 години е првата Американка која ќе игра во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, а да не се презива Вилијамс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП